
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2025 година, организира советување на тема „Улогата на ЕСЧП во определување на опсег на човекови права со примери од судската пракса” кое ќе се одржи на 29 април (вторник) 2025 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стучни соработници од сите апелациони подрачја, судиите на Управен суд и Виш управен суд.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Илир Исени, судија на Основен суд Дебар и м-р Жарко Хаџи Зафиров, адвокат
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса naile.aliu@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-551.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.