СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Родово базирано насилство во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Институт за европска политика, организира советување на тема:„Родово базирано насилство во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи“, кое ќе се одржи на  9 јуни (понеделник) 2025 година, во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 09:30 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од судовите, јавни обвнители и јавнообвнителски службеници  од обвнителствата,  од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наташа Бошкова, експертка,  Проект на ЕУ за Владеење на правото и г. Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

               Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.