СОВЕТУВАЊЕ на тема: „ Психолошки аспекти на испитување на сведоци, оштетени и жртви “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Психолошки аспекти на испитување на сведоци, оштетени и жртви“, кое ќе се одржи на 5 ноември (вторник ) 2024 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и судски соработници од судовите и јавни обвинители и јавнообвинителски стручни соработници од обвинителствата, од сите апелациуони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје и д-р Ана Филипче, невропсихијатар, Клиника за Психијатрија/ Медицински факултет Скопје

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.