
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба“ кое ќе се одржи на 11 март 2025 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници од сите судови и јавни обвинителства во РСМ.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Силвана Дејаноска, судски администратор во Основен суд Битола и Маја Петрова, советник портпарол во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: