Советување на тема: „Прашања поврзани со примената за Законот за парнична постапка“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Прашања поврзани со примената за Законот за парнична постапка“ кое ќе се одржи на 28 мај 2025 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за стручни судски службеници од граѓански оддели од сите судови во РСМ.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Јасмина Шишковска Стојковиќ, претседател на Основен суд Прилеп и г-н Тодор Поп Панев, судија во Аплеационен суд Штип.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.