
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Почитување и примена на етичкиот кодекс за службениците во судовите и јавните обвинителства“, кое ќе се одржи на 14 ноември (четврток) 2024 година во просториите на Апелационен суд Скопје-1 кат, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп и г-а Маја Петрова, јавнообвинителски советник-портпарол во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција..
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користат во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.