
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Перење пари со осврт на предикативното дело“ кое ќе се одржи на 25 март 2025 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Ненад Савески, судија во Основен кривичен суд Скопје и г-а Лиле Стефанова, јавен обвинител во Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користат во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.