
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Дозволеност на вонредни правни лекови во вонпарнична постапка“, кое ќе се одржи на 20 мај (вторник) 2025 година, во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судиите и стручните соработници од граѓанските оддели на судовите, од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Катерина Георгиевска , судија на Врховен суд на РСМ и г-а Елизабета Настов, судија на Основен граѓански суд Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.