СОВЕТУВАЊЕ на тема „Директно, вкрстено и дополнително испитување, обвинети, сведоци, оштетени и вештаци, како и спротивставени вештачења“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Директно, вкрстено и дополнително испитување, обвинети, сведоци, оштетени и вештаци, како и спротивставени вештачења“ кое ќе се одржи на 21 мај (среда) 2025 година, во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите и стручните соработници од кривичните  оддели на судовите и јавни обвнители и јавнообвнителски службеници од обвнителставата од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Славица Темелковски, јавен обвнител од ОЈО Велес, г-а Ружица Николовска, адвокат и г. Илија Трпков, судија на Основен кривичен суд Скопје.

               За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.