Советување на тема: „Вознемирување на работно место од страна на предпоставен и останати вработени“

DSC_0324

Академијата за судии и јавни обвинители реализираше советување на тема: „Вознемирување на работно место од страна на предпоставен и останати вработени“, кое се одржа на 14 ноември 2025 година, во просториите на Академијата.

Советувањето беше наменето за судии од граѓанските оддели, а истото го спроведоа: Александра Палашевска, судија на Основен граѓански суд Скопје и Маја Ристова, адвокат.

Во текот на советувањето се дискутираше за поимот вознемирување на работно место, за значењето и видовите на вознемирување на работно место, начинот на неговото извршување, личноста на моберите и на жртвите на мобингот, однесувањата и активности кои не се сметаат за вознемирување на работно место. Исто така предмет на советувањето  беше и постапката за заштита од вознемирување на работно место и тоа како претходна постапка, така и судската постапка.

Целта на ова советување е запознавање со поимот мобинг и видовите на мобинг, како и запознавање со претходна постапка и судска постапка.