СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Видови на насилство кај кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и психосоцијална поддршка на жртвите“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: Видови на насилство кај кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и психосоцијална поддршка на жртвите “, кое е предвидено да се одржи на 16 јуни 2023 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја  и стручни соработници од сите апелациони подрачја, а истото ќе го спроведат г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител во ОЈО Скопје и г-а Цена Чаловска, полициски советник во Единица за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет,  во пензија.

 

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука. 

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2

3.Презентација 3