СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Антидискриминација во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Институт за европска политика, организира советување на тема:„ Антидискриминација во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи“, кое ќе се одржи на 14 мај (среда) 2025 година, во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од судовите, јавни обвнители и јавнообвнителски службеници  од обвнителствата,  од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Татијана Темелкоска, советничка за човекови права, Канцеларија на ОХЦХР во Северна Македонија и г. Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

               За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

               Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.