СОВЕТУВАЊЕ „ Видови тужби во остварувањето на правата од работен однос и начин на престанување на важноста на договорот за вработување/примарна и судска заштита“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема:Видови тужби во остварувањето на правата од работен однос и начин на престанување на важноста на договорот за вработување/примарна и судска заштита “, кое е предвидено да се одржи на 4 март  2025 година (вторник) во просториите на Академијата, Ламела III со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели на  судовите, од сите апелациони подрачја, Виш Управен суд и Управен суд и адвокати кои постапуваат по овие предмети.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Гордана Билеска, судија на Основен граѓански  суд Скопје

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2

3.Презентација 3