Реализирана обука за „Раководење: донесување на распоред за работа, решенија и наредби“

1000025840

Академијата за судии и јавни обвинители реализираше обука на тема: „Раководење: донесување на распоред за работа, решенија и наредби“, која се одржа на 29 октомври 2025 година, во просториите на Академијата.

Обуката ја спроведоа: Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп и м-р Радмила Стаматовска, раководител на одделение во Основен кривичен суд Скопје, а истата беше наменета за судски администратори и раководни судски службеници од сите судови во Република Северна Македонија.

Целта на обуката е стекнување на вештини за успешно раководење со судската служба.

Денешната обука го опфати раководењето со судската служба на судовите од областите на надлежност на судските администратори и раководните судски службеници. Во рамките на обуката беше опфатена организацијата на работата на судската служба во судовите, процесот на донесување на одлуки врз основа на закон, подзаконски акти и интерни акти. Воедно, беше даден акцент на значењето на координираните активности во рамките на судската институција, транспарентноста и менаџирањето со конфликтите кои можат да настанат во текот на работењето.