РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА КРИПТО – СРЕДСТВА И КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО КРИПТО – СРЕДСТВАТА

DSC_0100

На 25 септември 2025 година, Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа обука за Крипто-средства и кривични дела поврзани со крипто-средствата со која беа опфатени судии од кривичните оддели и јавни обвинители кои постапуваат во предмети поврзани со крипто-средства. Обуката се одржа во просториите на Академијата како дел од планираните активности за тековната 2025 година помеѓу Академијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

За најновите глобални трендови во однос на крипто-средствата и меѓународните стандарди во истрагата во предмети поврзани со крипто-средствата, националниот и глобалниот пејсаж на крипто-валути и регулирање на виртуелните средства, на обуката своите искуства со присутните ги споделија: Владимир Милошески – Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Александар Вујиќ, инспектор во Управата за финансиско разузнавање и Едвард Андерсон, Шеф на Одделот за јавна безбедност и контакт со заедницата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Брзиот развој на крипто-средствата и сајбер криминалот кој го прати во чекор развојот на информатичката технологија ја враќа оваа тема во фокусот на интерес. Под притисок на современите текови во оваа сфера се наметнува потребата од нови законски решенија кои ќе овозмажат ефикасно спроведување на правдата и процесуирање на случаите овозможени од крипто – средствата.