
Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на 12 декември 2024 година беше промовиран коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација. На промоцијата присуствуваа судии и јавни обвинители, како и претставници од Мисијата на ОБСЕ кои го потпомогнаа создавањето и издавањето на овој прирачник.
Во своите поздравни обраќања директорката на Академијата, јавен обвинител Ирина Трајкоска Стрезоски упати благодарност до изготвувачите на оваа публикација притоа истакнувајќи ја важноста на содржината на Коментарот кој треба да им послужи на правните професионалци во носењето на ефикасни одлуки и заштитата на граѓаните од било каков вид на дискриминација, додека, шефот на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Umerr Al-Khatib ја потврди заложбата на Мисијата на ОБСЕ во пружање на соодветна поддршка во насока на јакнење на правосудниот систем на Северна Македонија за сите правни предизвици со кои се соочуваат судиите и јавните обвинители.
Со цел доследна примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Академијата за судии и јавни обвинители изработи Коментар на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше работен повеќе години од страна на тим на експерти и експертки во областа на антидискриминацијата. Тимот го сочинуваа: универзитетски професори по меѓународно право, искусни судии во областа на граѓанското и трудовото право, адвоакти, како и претставници на судската власт што најдиректно го применуваат и го толкуваат овој Закон и ја градат и ја создаваат судската практика.
Содржината на Коментарот пред присутните ја промовираше судијата на Врховен суд на РСМ, Мирјана Трајковска Лазаровска која е воедно и рецезент на оваа публикација.Судија Трајковска Лазаровска истакана дека коментарот има за цел да приоднесе во продлабочување на знаењата за ефикасно и ефективно применување на ЗСЗД, а со тоа и за унапредување на еднаквоста. Коментарот содржи примери од судската пракса на Европскиот суд за човекови права, Судот на правата на ЕУ, богата збирка на предмети од работата на Народниот правобранител и бројни национални примери од досегашната судска практика кои се надеваме дека ќе бидат од кoрист за правните практичри со цел телеолошко толкување на одредбитре од законот, посебно на оние што предизвикуваат дилеми и различни толкувања. Коментарот користи и компаративна анализа на законодавствата од државите кои имаат сличен правен контекст и правна традиција како и нашата држава, но и примери од законодавствата на земјите од ЕУ и САД.
Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација на македонски јазик можете да го преземете тука.
Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација на англиски јазик можете да го преземете тука.
Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација на албански јазик можете да го преземете тука.