
Во рамките на соработката помеѓу Академиајта за судии и јавни обвинители и заедничкиот проект на ЕУ и Совет на Европа- iPROCEEDS-2 до Академијата беше испратен Прирачникот за развој на стратегии за правосдуна обука за компјутерски криминал и електронски докази со цел истиот да биде достапен за судиите и јавните обвинители.
Имено, прирачникот за развој на стратегии за обука на судии за компјутерски криминал и електронски докази е подготвен во рамките на заедничките проекти на Европската унија и Советот на Глобалната акција за компјутерски криминал (GLACY+), зајакната глобална акција за компјутерски криминал (GLACY-e) и iPROCEEDS-2. Европа. Изготвувањето на овој документ беше координирана од страна на Програмската канцеларија за компјутерски криминал на Советот на Европа (C-PROC) и беа примени придонеси од следните експерти: Филип Ван Линтхаут (Белгија), Јан Керхофс (Белгија) и Захид Џамил (Пакистан).
Информациите во овој Прирачник претставуваат општи насоки и се наменети за образовни цели, со цел да се развие или да се зајакне националната стратегија за обука на судии за компјутерски криминал и електронски докази и мора да се смета за предмет на важечките политики, закони и околности во односната земја. Тоа не треба да се толкува како правен совет или професионално водство. Експертизата и општите насоки понудени во овој Прирачник произлегуваат од најдобрите практики идентификувани низ вежбите за градење капацитети на C-PROC во земјите низ целиот свет и се обезбедени за разгледување и евалуација на читателот
Прирачникот ќе добие и своја македонска веризја, но во меѓувреме, англиската верзија можете да ја преземете на следниот линк: