Првите луѓе на Академијата, Здружението на судии на РСМ и Здружението на Јавните обивнители на РСМ одржаа работен состанок за унапредување на соработката

DSC_0665

Директорот на Академијата, јавен обвинител, Ирина Трајкоска Стрезоски и заменикот директор, судија, м-р Илир Исени, денес (12 ноември 2024 г.), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, одржаа работен состанок со претседателот на Здружението на судии на Република Северна Македонија, судија Иван Џолев, кој е воедно и претседател на Основен кривичен суд Скопје и претседателот на Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија, јавен обвинител, Елвин Вели од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Состанокот имаше за цел преку размена на мислења и идеи да се преземат конкретни чекори со кои ќе се интензивира и унапреди соработката помеѓу Академијата и двете Здруженија.

Судиите и јавните обвинители и нивните потреби за професионален развој низ процес на едукација се подеднакво важни, како за Академијата, така и за Здружението на судии и Здружението на јавните обвинители.

Имајќи го предвид овој факт, сите присутни на состанокот се согласија дека е потребна подобра координација, како и реализација на обуки, тркалезни маси, работилници и други видови на настани кои ќе бидат во заедничка соработка, и кои ќе опфатат теми кои се идентификувани како актуелни, и за кои има интерес кај судиите и јавните обвинители. Дел од договорените едукативни настани се предвидени да бидат дел и од Каталогот на обуки за континиурана едукација за 2025 година.