
Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за континурана едукација за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Извршување спрема недвижности кои се наоѓаат во заедничка сопственост“, кое ќе се одржи на 28 октомври 2022 година, преку ЗООМ платформата со почеток во 11:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: г-а Снежана Бајлозова, судија на Врховен суд на РСМ-(во пензија)и г-н Тодор Поп-Панев, судија на Основен суд Свети Николе
За дополнителни информации поврзани со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: