Одржан работен состанок помеѓу заменик на директорот на АСЈО и преставниците на Центарот за меѓународна правна соработка (CILC)

DSC_0549

Заменикот на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија, м-р Илир Исени, на 13 септември 2024 година одржа работен состанок со претставниците на Центарот за меѓународна соработка(CILC) д-р Вероника Ефремова, регионален координатор за Северна Македонија и проф.д-р Илија Руменов.

Во фоксуот на работниот состанок, а како дел од тековниот МАТРА Проект за зајакнување на  извршувањето во Западен Балкан,  беше развивањето на курикулум за Хашките конвенции кои ќе биде наменет за целните групи на Академијата.

Имено, овој курикулум треба да биде дел од идните програми за континуирана едукација и почетната обука на Академијата. Воедно, ќе биде ревидирана и надополнета со оваа тема и содржината на програмата наменета за новоизбраните судии и јавни обвинители која е од задолжителен карактер и истата ја поминуваат слушателите од почетната обука на Академијата, веднаш по нивниот избор.

На состанокот беше договорено до крајот на тековната 2024 година да биде одржана една обука на обучувачи на тема посветена на хашките конвенции со што Академијата ќе го надополни базенот на предавачи со експерти од оваа област кои во иднина ќе бидат подготвени да ги спроведуваат обуките предвидени во курикулумите развиени во рамки на оваа соработка.