Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема:„Административно постапување по предмети, водење на записник и тонско снимање“ кое ќе се одржи на 20 март во просториите на Управниот суд – Скопје, со почеток од 10:00 часот.
Обуката е наменета за судските службеници – дактилографи од сите апелациони подрачја.
Обуката ќе ја спроведат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.