Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 29.01.2026 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, online, преку видеоконференциска врска, ја одржа 244-та седница. На седницата беа разгледани пристигнатите тужби до Управниот суд на РСМ, против Одлуката на Управниот одбор за поништување на јавниот оглас за прием во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители број 02-428/4 од 25.12.2025 година.
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, по однос на истото, едногласно донесе заклучок, да ја овласти директорката на Академијата за судии и јавни обвинители да поднесе одговор на тужбите до Управниот суд на РСМ, во рамки на утврдените рокови.

