Известување од одржана 230-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.02.2025 година ја одржа 230-та седница на која:

  1. Го усвои записникот од 229-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Членовите на Управниот одбор беа информирани со состојбата во која се наоѓа постапката за прием на IX генерација слушатели на почетна обука, по што Управниот одбор донесе заклучок со кој ја задолжува Академијата за судии и јавни обвинители да се обрати до Министерството за финансии на РСМ преку Судско буџетскиот совет на РСМ со барање за обезбедени финсиски средства за 2025 година за оваа намена.
  3. Точката на дневен ред која се однесуваше на донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители беше одложена од страна на Управниот одбор, со договор за нејзино разгледување како единствена точка на дневен ред, на една или повеќе седници на Управниот одбор, согласно потребите, а имајќи ја предвид суштинската важност на овој акт на Академијата, се со цел истиот да биде детално разгледан и разработен.
  4. Беше усвоена завршната сметка на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година и беше донесен годишниот финансиски план на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година;

      5.Беше утврден мандатот на заменик член на Управниот одбор на Академијата и беше разгледано барање за престанок на мандатот на           заменик член на Управниот одбор на Академијата;

       6.Под точката разно, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители го информираше Управниот одбор за тековни дописи и барања, како и за обврските предвидени во актите на Академијата согласно кои директорот е должен да го информира Управниот одбор и беше дополнет годишниот план за јавни набавки на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година.