
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 23.01.2025 година ја одржа 229-мата седница на која:
- Беше усвоен Записникот од 228-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Стаутот на Академијата за судии и јавни обвинители се одложи за некоја од наредните седници на Управниот одбор, од причина што е потребно повеќе време на стручната служба на Академијата да подготви материјал за целосно усогласување на Статутот со Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
- Се усвои Извештајот за текот на спроведување од завршен испит во 2024 година за осмата генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев од Завршна комисија на Академија за судии и јавни обвинители.
- Усвоен беше и Извештајот за спроведена ревизија на теоретска настава, практична настава и завршниот испит за осмата генерација слушатели на почетна обука од Комисија за ревизија за одржани испити на Академија за судии и јавни обвинители.
- Управниот одбор се запозна со утврдена конечна ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители врз основа на завршната оценка согласно член 58 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, која ќе се достави до Судскиот совет на РСМ и Советот на јавни обвинтели на РСМ.
- Констатиран беше престанок на мандат на заменик член во Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.
- Под точката разно, директорката на Академијата го извести Управниот одбор за тековното работење на Академијата за периодот од претходната седница. Исто така, директорката ги запозна и со одлуките на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавни обвинтели на РСМ, со кои побарале да се распише оглас за 8-ма генерација на слушатели во почетна обука за 50 судии и 47 јавни обвинители, соглсно кои претходниот состав на Управниот одбор донел одлука за објавување оглас за 8-ма генрација за 97 слушатели, од причина што сега откако се усвоја двата Извештаи од точките 3 и 4 оа и откако се запознаа со Конечната ранг листа од точка 5 ќе биде доставена до двата совети и истите да можат да распишат огласи за пополнување на судиси и јавно обвинителски места. Под точката разно беше дискутирано по однос на подготка на дневен ред и материјали за седниците на Управниот одбор, по што сите заеднички констатираа дека е неопходно директорката во тесна соработка и координација со претседателот на Управниот одбор да ги договара овие работи, од причина што таа раководи со секојдневното работење на Академијата и се грижи за навремено и целосно одговарање на законските обврски на Академијата. Со оглед на тоа што директорката на претходната седница ги запозна членовите на Управниот одбор со листата на предавачи ангажирани во рамки на континуирана едукација во текот на 2024 година, и беше побарана евалуација по однос на нивниот ангажман, под разно им достави сумирани евалуации со оцени од сите обуки за сите целни групи кои ги рализираше Академијата во претходната година.
Диркторката исто така ги информира членовите на Управниот одбор дека по однос на побараното мислење и согласност од Управниот одбор за соработка со меѓународна организација од претходната седница, дополнително ќе ги информира по обработка на одредени податоци од досегашната соработка и учество на учесници, и побара за повторно да го разгледаат на некоја од наредните седници. Исто така се разговараше и за начинот на кој ќе се доставуваат прегледаните пријави за предавачи, кои откако ќе бидат прегледани од Програмскиот совет и утврдена нивната уредност по однос на исполнување на законските услови за предавачи, како да се достават до Управниот одбор. Во насока на потранспарентно работење на Управниот одбор како и со цел за доследна примена на новиот Деловник на новиот Управен одбор за јавно пренесување на седниците се разговараше и се одлучи да се почне преку You Tube каналот, и да се види дали добро би функционирало, ако не да се најде друг начин.