Известување од одржана 228-ма седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 14.01.2025 година ја одржа 228-мата седница на која:

  1. Беше усвоен Записник од конститутивна 226-та и Записник од 227-ма седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  1. Беше дополнета листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Се одлучуваше по жалба против решение на Завршна комисија број 10-10/1 од 03.01.2025 година, поднесена од слушател во почетна обука од 8-ма генерација почетна обука во Академијата по што беше донесена одлука.
  3. Се донесе Годишен план за јавни набавки на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година.
  4. Под точката разно, директорката на Академијата го извести Управниот одбор за тековното работење на Академијата. Имено, директорката на Академијата го извести Управниот одбор во врска со ангажираните предавачи во Академијата во текот на 2024 година. Побара мислење во однос на соработка со проекти и меѓународни организации, а согласно надлежноста на Управниот одбор да дава мислење во однос на истото. Беше разгледан допис за евентуални потреби од изменување и дополнување на Статутот на Академијата, по што беше задолжена Академијата да подготви предлог измени и дополнувања на Статутот на Академијата, како и беше побарано мислење од Управниот одбор во однос на содржината на уверението за завршена почетна обука.

Беше закажан термин за одржување на наредна седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 23.01.2025 година.