Известување од одржана 224-та седница на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.11.2024 година (понеделник) ја одржа својата 224-та седница на која:

  1. Ги усвои записниците од одржана 222-ра и вонредна 223-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Именуваше член на Комисија за ревизија на одржаните испити, по доставена номинација од Јавното обвинителство на РСМ број 03-792/1 од 20.11.2024 година.
  3. Именуваше заменик член во Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2238/1 од 22.11.2024 година.
  4. Именуваше заменик член на Комисија за завршен испит по доставена Одлука од Советот на јавните обвинители на РСМ број 02-130/2 од 21.11.2024 година.
  5. Именуваше членови и заменици на членови на Комисија за завршен испит по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2104/2 од 22.11.2024 година.
  6. Именуваше заменик член на Комисија за завршен испит по доставена номинација од Здружение на судии на РСМ од 25.11.2024 година.
  7. Под точка Разно, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители го информираше Управниот одбор за тековни дописи и барања.