Известување од одржана 21 седница на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_-thegem-blog-default

Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 15 јануари 2025 година, со почеток во 11:00 часот ја одржа 21та седница на Програмскиот совет, со физичко присуство, на која беше:

  1. Усвоен Записник од дваесетата седница на Програмски совет одржана на 19.12.2025 година;
  2. Направен преглед и дадено мислење за процесот на ажурирање на постојната листа на предавачи на АСЈО;
  3. Извршено оценување и евалуација на работата на предавачите на Академијата за втората половина од 2025 година;
  4. Под точка „разно“ беа разгледувани предлози за изготвување на програма за приемен испит во почетна обука и прашања за спроведување на приемен испит.