Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 23.02.2026 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 14.00 часот ќе ја одржи 245-та седница, со следниот предлог дневен ред:
- Усвојување на Записници од 243-та и 244-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Усвојување на завршна сметка на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година.
- Донесување на годишен финансиски план за 2026 година.
- Донесување на Стратегија на Академијата за судии и јавни обвинители за 2026-2030 година.
- Дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Разно.

