Известување за одржување 229-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 23.01.2025 година (четврток), ќе ја одржи 229-та седница, со следниот предлог дневен ред:

  1. Усвојување на Записник од 228-ма седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители.
  3. Усвојување на Извештај за текот на спроведување од завршен испит во 2024 година за осмата генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев од Завршна комисија на Академија за судии и јавни обвинители.
  4. Усвојување на Извештај за спроведена ревизија на теоретска настава, практична настава и завршниот испит за осмата генерација слушатели на почетна обука од Комисија за ревизија за одржани испити на Академија за судии и јавни обвинители.
  5. Запознавање со утврдена конечна ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители врз основа на завршната оценка согласно член 58 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
  6. Констатирање престанок на мандат на заменик член во Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.
  7. Разно.