
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација во почетна обука,
Во однос на базата на прашање за полагањето на квалификацискиот тест која се наоѓа на веб страницата http://prasanja.mk/, Ве известуваме дека истата во овој момент е недостапна, поради промена на веб хостингот на веб страницата. Во Базата на прашања нема никакви измени и таа е иста како што беше објавена во мај 2023 година. Од Министерството за информатичко опшество и администрација добивме информации дека се прават сите напори за завршување на промената на хостингот и страницата да профункционира во најбрз можен рок.
Веднаш кога страницата ќе биде достапна ќе Ве известиме за тоа, па за таа цел редовно следета ја нашата веб страница.