
Заменик на директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени, денес (30/08/2024 година), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, одржа работен состанок со претставниците на ДКАФ од Скопје на кој се разговараше по однос на претстојните активности кои се дел од рамката на предвидените активности чија реализација треба да биде остварена до крајот на 2024 година.
На состанокот низ конструктивна дискусија беа дадени мислења и конкретни предлози за реализација на овие активности чија крајна цел е продуцирање на нови компоненти кои ќе придонесат за понатамошен развој и одржливост на соработката помеѓу Академијата и ДКАФ.
Судија, м-р Исени, ја поздрави поддршката на ДКАФ и се заблагодари за нивниот континуиран придонес во унапредувањето на капацитетите на правосудниот систем на нашата земја од кој е дел и Академијата.