Заменик директорот, судија м-р Илир Исени одржан работен состанок со експертската мисија која е дел од Проектот на Expertise France за подршка на анти-корупциски иницијативи

DSC_0964

На иницијатива на експертската мисија која е дел од Проектот на Expertise France за подршка на анти-корупциски иницијативи со фокус на подршка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на 19 мај 2025 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени одржа работен состанок со делегацијата составена од г-ѓа Helena Papa, долгорочен експерт за транспарентност и спречување на перење на пари и финансиски криминал, г-ѓа Lise Chipault, судија во Република Франција и член на Бирото на GRECO, и г-ѓа Анета Арнаудовска, национален експерт за владеење на правото и анти-корупција.

Целта на мисијата е да изврши анализа на состојбите и механизмите за спречување на корупција и градење на интегритетот на судиите во насока на изготвување на Програма и Акциски план за превенција и следење корупција во судството 2026-2029.

На состанокот се разгледуваа можностите и сегментите во кои може и треба да се вклучи Академијата, имајќи ја предвид пред се нејзината улога во правосудниот систем на РСМ, но и институционалната соработка со Судскиот совет на РСМ која е успешно воспоставена од оснивањето на Академијата до денес.

Заменик директорот, судија м-р Илир Исени ја искажа подготвеноста на Академијата за поддршка на реализацијата на овој проект и истакна дека вклученоста и соработката на сите релевантни институции ќе биде од круцијално значење за подготовка на Програма и Акциски план кој нема да биде само уште еден од низата напишани документи кои не ја виделе светлината на денот во пракса, туку, ќе произлезат насоки и препораки кои ќе бидат применливи за судството на РСМ.

Во ова насока, истиот ги презентираше реализираните и тековните обуки на теми поврзани со клучните фактори во борба против корупцијата во судството во периодот 2022-2025, а имајќи ја предвид состојбата во нашата земја во однос на темата корупција и нејзината превенција, се нагласи потребата од посветување посебно внимание и експертиза за изготувањето на овие значајни документи.

На крајот, заменик директорот на Академијата се заблагодари на експертската мисија што ја препознале улогата на Академијата и нејзиниот придонес во развојот на судството, посебно, во спроведувањето на ефикасна борба против корупцијата во Република Северна Македонија.