Во Охрид на 3 декември 2026 година започна обуката за судии и адвокати на тема: „Слобода на изразување, клевета и навреда и стратешки тужби против јавното учество (СЛАПП тужби)“, реализирана во рамки на соработката меѓу Академијата и проектот ПРО-ФРЕКС, кој е дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“.
Директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, кој учествува на настанот, се обрати на отворањето на обуката, нагласувајќи ја важноста од партнерството со Европската Унија и Советот на Европа. Таа потенцираше дека континуираната поддршка од меѓународните партнери е од клучно значење за унапредување на ефикасноста и независноста на правосудниот систем. Потребата од регулирање на начинот за постапување по СЛАП тужбите укажува за организирање на вакви обуки.
Нашата заедничка цел е подигнување на свеста за европската судска пракса и нејзината примена во домашните постапки поврзани со слободата на изразување, клеветата и навредата и СЛАП тужбите.
Академијата останува партнер на проектот ПРО-ФРЕКС и на Советот на Европа продолжувајќи да ја гради ваквата соработка.

