Директорот и заменик на директорот на Академијата остварија работен состанок со претставници на Центарот за меѓународна правна соработка (CILC)

DSC_0629

Во рамки на веќе воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC), на 22 октомври 2024 година, во просториите на Академијата, директорката на Академијата, јавен обвинител Ирина Трајкоска Стрезоски и заменик директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени остварија работен состанок со г-а Вероника Ефремова, претставник на Центарот за меѓународна соработка (CILC), на кој беа разгледни предлог активностите кои треба да бидат реализиран во заедничак соработка во претстојнио период.

Имено, беа предложени следните активности: дополнување на постоечката обука за Признавање и извршување на странски судски одлуки со презентација на можностите на Хашката конвенција за признавање и извршување на странски судски пресуди од 2019 година. За нејзина успешна реализација беа предложени проф. д-р Илија Руменов заедно со неколкпостоечките обучувачи на Академијата; Реализација на нова обука за Меѓународната правна помош во граѓанска и трговска материја остварена преку Конвенциите на Хашката конференција и билатералните договори  која е предвидено да се одржи во месец декември 2024 година; Нова обука за обучувачи, која повторно треба да се одржи во текот на месец декември 2024 година, како и уште две нови обуки за обучувачи кои се предвидени за првата половина на 2025 година.

Првите луѓе на Академијата ја потврдија својата вклученост во успешната реализација на започнатите активности, но исто така истакна и дека Академијата ќе ја даде својата целосна поддршка во реализацијата на идните.