Директорката и заменик директорто на Академијата учествуваа на 19-от состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност

IMG-70453d207bc22fa4b5099aa1a4646ea9-V

На 13 и 14 март 2025.г, во Брисел се одржа 19-от стаонк на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност, на кој присустваа директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски и заменик директорот на Академијата, м-р Илир Исени.

Имено, тие ја претставуваа Академијата како една од клучните институции за развој и исполнување на обврски од реформскиот процес на правосудството.

На состанокот директорката на Академијата ги адресираше клучните недостатоци со кои се соочува Академија, кои се децениски, со надеж дека нејзината вокалност ќе наиде на разбирање и поддршка на ЕУ.

Воедно, говорејќи за Академијата, но и за целокупниот правосуден систем, таа истакна дека се потребни измени на Законот за Академијата со кој ќе се постигнат целите на Академијата. Таа подвлече дека е потребна подобра координација помеѓу релевантните институции, бидејќи прашањата кои се однесуваат на правосудниот систем не може да се однесуваат на само една институција, тука на сите оние кои го сочинуваат овој систем.

Во рамки на овој состанок првите луѓе на Академијата заедно со претставниците на институциите кои беа поканети и ја сочинуваа правосудната делегација од РСМ,  остварија  работна средба со амбасадорот Зулфи Исмаили, шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел.