Во Академијата со одржа дводневна специјализирана обука за судиите поротници

DSC_0584

Академијата за судии и јавни обвинители согласно своите надлежности, на 26 и 27 февруари 2026 година, одржа дводневна, специјализирана обука за судиите поротници од Апелационен суд Штип, Основен суд Гевгелија, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Струга.

Обуката ја спроведоа: г. Љупчо Тодоровски, судија во Основен граѓански суд Скопје,г-а Бранка Наумоска, судија во Основен кривичен суд Скопје,г-а Јехона Садику, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-а Мери Василева, судија во Основен граѓански суд Скопје.

Обуката беше фокусирана на  примена на процесните закони – Закон за парнична постапка и Закон за кривична постапка и теми од областа на судир на интереси, антикорупциски мерки и етика како и на одбрани теми од областа на материјалното казнено и граѓанско право со кои судиите поротници се стекнаа со основни познавања од соодветната материја неопходни за следење на процесот било во граѓанска или кривична постапка.

Обуката се спроведе со цел подготовка на судиите поротници за примена на процесните и материјалните закони како и професионално, етичко и непристрасно извршување на функцијата судија поротник.