
Директорката на Академијата, јавен обвинител Ирина Трајкоска Стерзоски на 11 декември 2024 година, во просториите на Академијата, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
Н.Е. Кристоф Ле Реголер на средбата беше придружуван од судијата за врски за Западен Балкан, Фредерик Дубост и францускиот правен експерт, Сесилија Марониер.
Средбата беше инцирана од страна на Амбасадата на Франција, а целта беше новоименуваниот амбасадор да се запознае со работата на Академијата и активностите кои се реализираат во рамки на воспоставената соработка помеѓу Француската амбасада и Академијата.
Директорката на Академијата накратко ја презентираше досегашната соработка со Репбулика Франција во чии рамки се реализирани голем број на активности, а како позначајни ги издвои обуките кои се реализираат со поддршка на амбасадата на Франција и часовите за изучување на францускиот јазик наменети за судиите и јавнитге обвинители кои се реализираат во соработка со Францускиот институт во Скопје.
Н.Е. амбасадорот Ле Реголер се интересираше и за предизвиците со кои се соочува Академијата во овој менет, притоа, потенцирајќи дека Република Франција е силен поддржувач на реформскиот процес во правосудството, кој пак, е еден од клучните услови за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.
Директорката на Академијата го извести амбасадорот дека таа е дел од првата генерација од почетната обука на Академијата и оттука многу добро ги познава работните процеси на Академијата, и покрај фактот што е на директорското столче од средината на месец октомври 2024 година. Дополнително, како јавен обвинител таа рече дека многу добро ги знае и потребите на јавните обвинители и судиите.
Во моментов Академијата го спроведува завршниот испит за осмата генерација, процес кој предолог трае и треба да биде завршен, бидејќи од Академијата се очекува до почетокот на следната година да испорача судии и јавни обвинители. Уште еден важен момент е одлуката за прием на деветата генерација во почетната обука на Академијата, процес кој беше прекинат поради одржувањето на парламентарните избори во Северна Македонија кои се одржаа кон крајот на месец април 2024 година. По однос на ова прашање, како што информираше директорката таквата одлука треба да ја донесе новиот Управен одбор на Академијата кој е во фаза на конституирање.
Н.Е. Кристоф Ле Риголер истакна дека амбасадата на Франција како дологодишен партнер и поддржувач на работата на Академијата, во рамките на своите надлежности и можности ќе ја поддржи Академијата во своите напори да преку едукација придонесе во унапредувањето на правосудниот систем на РСМ.
Во оваа насока, тој ја истакна важноста на еколошкиот криминал како тема која се повеќе зазема централно место во агендите на Владите на земјите членки на ЕУ. Судијата Дубост, потести дека оваа тема треба да се прошири и со темата заплена на предмети од еколошки криминал.
Директорката на Академијата истакна дека е запознаена со важноса на оваа тема, како и фактот дека на судиите и јавните обвинители им се потребни обуки на овие теми, вклучувајќи ги и припадниците на МВР кои работат во оваа област, бидејќи во рамките на министерството сеуште не е формирана ваква единица.
Н.Е. Кристоф Ле Риголер ја информираше директорката и за одлуката на Државната правосудна академијата на Франција (ЕНМ) да ја укине дологодишната пракса за стажирање на француските кандидати за судии и јавни обвинители надвор до Франција, но изрази верување дека ваквата одлука набрзо ќе се промени, па Академијата повторно ќе биде домаќин на кандидат од Франција како што тоа беше случај во изминатата деценија и повеќе.
Сите присутни на оваа средба се согласија дека досегашната соработка помеѓу Амбасадата на Република Франција и Академијата е позитивна и успешна и истата треба да продолжи со уште поголем интензитет за што поддршка даде и амбасадорот на Франција во РСМ.