Академијата спроведе специјализирана обука за претседателите на судовите и претставниците на Судско медиумскиот совет на тема: „Судот и медиумите, кризна комуникација и современи предизвици во односите со јавност“

DSC_0294

Академијата спроведе специјализрана обука на тема: „Судот и медиумите, кризна комуникација и современи предизвици во односите со јавност“, која се одржа денес (11 ноември 2025 година), во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за претседателите на судовите, како и за претставниците на Судско медиумскиот совет, а истата ја реализираа: д-р Џемали Саити, судија на Врховен суд на РСМ и член на Судско медиумскиот совет и Зоран Јаневски, новинар во телевизија Сител и член на Судско медиумскиот совет.

Во современи услови на брз проток на информации и влијанието на социјалните мрежи, судовите се соочуваат со потреба од развивање на професионални комуникацисики вештини, особено во ситуации на криза или јавен притисок. Кризна комуникација во судството подразбира навремено, точно и одговорно информирање на јавноста, со цел да се спречат дезинформации и да се зачува интегритетот на институцијата. Целта на обуката беше да се укаже на значењето на транспарентноста и етичката комуникација меѓу судот и медиумите, да се зајакнат капацитетите на правосудните претставници за справување со кризни ситуации и да се развијат современи пристапи во односите со јавноста. Преку анализа на предизвиците, добрите практики и реалните примери, од учесниците се очекува да умеат во иднина ефективно да комуницираат со медиумите, без притоа да се нарушат правата на странките и угледот на судот.