Академијата за судии и јавни обвинители, денес (27 февруари 2026 година) спроведе обука на тема: „Академијата реализраше обука за „Нужно сопарничарство во наследната заедница и наследно правни договори“, наменета за судии и стручни соработници од граѓански оддели во судовите од сите апелациони.
Обуката ја спроведоа: Љубица Колиќ, судија во Основниот граѓански суд Скопје и Даниела Миновска, судија во Основниот граѓански суд Скопје.
Обуката се спроведува со цел унапредување и воедначување на судската пракса во постапувањето по предмети од граѓанска материја, особено во однос на нужното сопарничарство во наследната заедница и споровите што произлегуваат од наследно-правните договори, преку продлабочување на теоретските и практичните знаења и анализа на релевантната судска пракса.

