Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континуирана обука за 2026 година, на 12 февруари 2026 година, во просториите на Академијата, реализираше обука на тема: „Вештини за раководење со главна расправа во граѓанска постапка и медијација“.
Обуката беше наменета за судии и стручни соработници од граѓански оддели на судовите од сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје и Вјолца Мора Бајрами, судија на Основен суд Куманово.

Целта на обуката беше да се презентира постапувањето на судот од прием на тужбата, па се до заклучување на главната расправа. Процесните дејствија кои се преземаат, со цел ефикасно завршување на постапката. Значењето на медијацијата во граѓанската судска постапка.

