Академијата за судии и јавни обвинители на 24 март 2026 година, организираше обука наменета за дактилографи од кривични оддели и службеници од писарница на тема: „Административно постапување со предмети, електронска достава, тонско снимање и водење записници“, која се одржа во просториите на Академијата.
Обуката ја спроведоа: м-р Радмила Стаматовска, раководител на оддел во Основен кривичен суд Скопје и Ленка Давиткова, судија во Основен кривичен суд Скопје.
Обуката „Административно постапување со предмети, електронска достава, тонско снимање и водење на записници“ ги опфати одредбите од Судскиот деловник кои се однесуваат на постапување по предметите од нивното формирање до нивното архивирање.

Целите на обуката беа насочени кон унапредување на знаењата и вештините на судските службеници за правилно и ефикасно извршување на административните задачи во судството. Обуката имаше за цел да овозможи темелно запознавање со правната рамка и практичните постапки во судските писарници, вклучувајќи го приемот и обработката на писмената, формирањето и управувањето со судските предмети, како и комуникацијата со странките. Дополнително, цел беше развивање на компетенции за користење на современи системи како автоматска распределба на предмети, електронска достава и тонско снимање, како и правилно постапување по наредби на судија. Преку овие активности се настојуваше да се обезбеди законито, транспарентно и ефикасно работење, како и да се намали ризикот од административни грешки при управувањето со судските предмети.
Посветувањето внимание на оваа тема ќе придонесе за добро информирана, едуцирана, ефикасна и ефективна судска служба.

