
Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на соработката со Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија организира завршен настан со кој го заокружија проектниот циклус на обуки со кои беа опфатени менторите и предавачите на Академијата.
Настанот се одржа на 26 март 2025 година во просториите на Академијата, а на истиот поздравни говори одржаа директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски и Н.Е. Манон Јенсен, заменик амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна
Македонија, Manon Janssen и проектниот менаџер, Wout-Jeroen Leenders
.
Директорката на Академијата реализацијата на сите активности во рамки на оваа соработка која произлезе од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Академијата и Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија ја оцени како успешна. Нејзината оцена се заснова на федбекот кој Академијата го добивала од страна на учесенциите на обуките. Позитивни оценки за спроведувањето на обуките добија и експертите од Кралството Холандија: Anne Tahapary и Floor Boekhorst кои ги дизјанираа програмите и ги држеа предавањата. Според директорката, Ирина Трајкоска Стрезоски, обуките на менторите посветени на нивните вештини и знаења се многу корисни и важни, посебно, за реализација на практичниот дел од програмата за почетната обука на Академијата. Таа исто така, ја искористи оваа можност да се заблагодари на Амбасадата на Кралството Холандија за целокупната поддршка, не само на овој проект, туку и на сите останати кои се реализирале во изминатите години. Воедно, изрази надеж дека овој настан не значи крај на оваа соработка и дека во иднина ќе има други можности за реализација на нови активности. Упати голема благодарност и до експертите, но и до Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија со чија поддршка сите предвидени активности беа успешно остварени.
Заменик амбасадорката на Кралството Холандија, Манон Јенсен се заблагодари на директорката на Академијата за подготвеноста на Академијата да работи на унапредување на правосудниот систем во Република Северна Македонија и ја потврди уште еднаш силната поддршка на Амбасадата на Холандија за владеење на правото во нашата држава.
Благодарност до Академијата упатија и Холандските експерти кои истакнаа дека им било задоволство да работат со судии и јавни обвинители кои покажале голем интерес и мотивираност, се со цел, истите да бидат поефикасни во извршувањето на своите обврски како ментори и со тоа да дадат позитивен придонес во градењето на профилите на своите идни колеги.