Средба на директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со новото раководство на Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија

DSC_0267

Имајќи ја предвид соработката со Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Здружението на судиите на Република Северна Македонија, денес (24 февруари 2023 година), во просториите на Академијата,  директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари средба со претседателот на Здружението на јавните обвинители, г. Елвин Вели, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, потпретседателот на Здружението на јавните обвинители, г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Катерина Панева, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители.

На работната средба директорката на Академијата и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство ги разгледаа можностите за интензивирање на соработката помеѓу Здружението и Академијата, во насока на реализација на заеднички едукативни настани со кои и двете институции ќе дадат заеднички придонес во јакнењето на капацитетите на правосудството, посебно на вештините и знаењата на јавните обвинители во Република Северна Македонија.