СООПШТЕНИЕ ОД УПРАВЕН ОДБОР

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на 05.12.2022 година (понеделник), ја одржа 188-та седница, свикана по добиената неотповиклива оставка од лични причини на именуваниот в.д. директор на Академијата, Зоран Герасимоски, член на Управниот одбор на Академијата и член на Судскиот совет на РСМ.

На одржаната седница, Управниот одбор констатира престанок на функцијата вршител на должноста директор на Академијата за судијата Зоран Герасимоски. Управниот одбор донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го именува Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

Именувањето на в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители е извршено согласно член 35 став 4 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (Службен весник на РМ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018), според кој Управниот одбор определува вршител на должноста директор од редот на членовите на Управниот одбор.

Според член 11 од истиот закон, пак, Управниот одбор е орган на управување на Академијата, кој го сочинуваат девет члена од кои осум се од редот на судиите и јавните обвинители, па оттаму нема законска пречка членовите на Управниот одбор да бидат и носители на одредени функции во судовите и јавните обвинителства. Напротив, услов за избор на членовите во Управниот одбор на Академијата е да се биде судија или јавен обвинител.

Доколку членот на Управниот одбор е определен согласно законот за вршител на должноста директор на Академијата, функцијата член на Управниот одбор ја врши  заменикот член се до именувањето на нов директор на Академијата.

Претседател на Управен одбор,

Бодан Лазаревски