СОВЕТУВАЊЕ на тема „Eтика и судир на интереси ?Ризиците и влијанието врз угледот на судиите и јавните обвинители при користењето на социјални мрежи“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема ,,Eтика и судир на интереси /Ризиците и влијанието врз угледот на судиите и јавните обвинители при користењето на социјални мрежи“ , кое ќе се одржи на 5 април (среда) 2023 година, со физичко присуство, во просториите на Управен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители  и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и м-р Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569 .

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

1.Работни материјали

1.Презентација 1