Советување на тема „Судската практика (одлуки на европскиот суд за човекови права и одлуките на домашните судови) како евентуален извор на правото во управниот спор, односно потребите за воедначување на судската практика “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира  советување на тема „Судската практика (одлуки на европскиот суд за човекови права и одлуките на домашните судови) како евентуален извор на правото во управниот спор, односно потребите за воедначување на судската практика“ кое  ќе се одржи на 30 ноември  (среда) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 1.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од Виш Управен суд и Управен суд.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Маргарита Цаца Николовска, поранешен национален судија, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбург, поранешен судија и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и м-р Жарко Хаџи Зафиров адвокат/правен експерт за управно право

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2