СОВЕТУВАЊЕ на тема „Заштита и испитување на загрозен сведок во претходна постапка и на главна расправа, права на одбраната и испитување на посебно ранливи жртви и сведоци“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема ,,Заштита и испитување на загрозен сведок во претходна постапка и на главна расправа, права на одбраната и испитување на посебно ранливи жртви и сведоци “ , кое ќе се одржи на 24 март (петок) 2023 година, со физичко присуство, во просториите на Управен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

 Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители  и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наташа Гоџоска, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и г-н Илија Трпков, судија на Основен кривичен суд Скопје

 За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569 .

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.