Размена на добри практики за концептуализација и организирање судски обуки: шпанскиот и македонскиот модел Шпанија, 13-16 февруари 2023 година

IMG-767e070e869a0b04ab1846f2506728a7-V

Во периодот помеѓу 13-16 февруари 2023 година, ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор и Академијата за судии и јавни обвинители организираа работна посета на шпанските центри за обука на судии за размена на добри практики за концептуализација и организирање судски обуки преку разгледување и споредба на шпанскиот и македонскиот модел.

Во посетата учествуваа 11 претставници од Академијата за судии и јавни обвинители, овозможувајќи добрата практика, искуствата, но и предизвиците да се разменат меѓу двете земји. Македонските претставници (вработените од Академијата, членови на управните тела на Академијата, обучувачите и менторите) се сретнаа со своите шпански колеги од Академијата за почетна обука на судии во Барселона, Службата за континуирана обука на судии и Службата за јавна помош во Мадрид, како и од Генералниот судски совет во Мадрид.

 

 

 Дискусиите, олеснети од тим од високи експерти од горенаведените институции, на учесниците им дадоа добар преглед и увид во шпанскиот правосуден систем и неговиот образовен систем. Учесниците беа особено заинтересирани за процесот на селекција на студенти, системот за евалуација на нивното знаење, изборот на обучувачи и ментори, и функционирањето на програмите за практикантска работа.

Работната посета беше организирана во насока на исцрпување на сите активности предвидени во рамки на склучениот меморандум за соработка помеѓу Академијата и ДКАФ насочени кон зајакнување на капацитетите на вработени и претставниците на управните тела на Академијата. Посетата се реализираше во соработка со Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија, финансиски поддржана од развојните партнери: Швајцарската агенција за развој и соработка, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Министерството за надворешни работи на Холандија.