Потпишан меморандум за соработка со Центарот за меѓународна правна соработка (CILC) од Кралството Холандија

DSC_0211

Денес (15 ноември 2022 година), во просториите на Академијата, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и проектната директорка на Проектот„Јакнење на извршувањето на Западен Балкан“ при Центарот за меѓународна правна соработка (CILC) од Кралството  Холандија потпишаа меморандум за соработка, г-ѓа, Јоке Pisters, потпишаа меморандум за соработка и со тоа Академијата го зголеми бројот на странски партнери поддржувачи на работата на Академијата со кои заеднички ќе работи на реализирање на активности насочени кон јакнење на капацитетите на правосудството на Република Северна Македонија.

 

 

Предвидените активности кои се опфатени со овој меморандум, а се дел од проектот „Јакнење на извршувањето на Западен Балкан“, се насочени првенствено кон спроведување на обуки наменети за судиите и јавните обвинители поврзани со теми како што се извршувањето, Хашките конвенции и прекугранично извршување на странските пресуди.

До сега во рамките на оваа соработка реализирани се:

  • Регионален форум ,,НССН 2019 Конвенцијата за пресуди: Перспективи за Западен Балкан’’ (30 јуни- 1 јули 2022 година), на кој Академијата со свој претставник беше активно вклучена во дискусиите и
  • Обука за обучувачи за извршување јуни- декември 2022 година и истата се реализира во 4 дела во следните термини:
  • 14-16 Јуни: Дел 1
  • 28-30 Септември: Дел 2
  • 31 Октомври-2 Ноември: Дел 3
  • 5-7 Декември: Дел 4

Целта на оваа обука е да се развијат професионални обучувачи во областа на извршувањето, да се изгради основна група на обучувачи и да се испорача одржлива програма за обука која спроведува унифицирана, ефикасна и ефективна методологија за обука. Програмата ќе биде посветена на примена на наставна методологија за учење на возрасни, развивање на вештини за презентација, дизајнирање курсеви, развој на наставна програма, подготовка на материјал за курсеви и спроведување на обуки за пилоти. Обуката ќе им овозможи на учесниците да ја остварат целта да развијат структурирана континуирана обука за судиите, јавните обвинители и извршителите и да ги зголемат нивните компетенции и професионализам, да бидат признати експерти во правната област и  да бидат посветени на спроведување обуки.

Обучувачите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе бидат сертифицирани од Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ) и ќе можат да одржуваат обуки на барање на Академијата. Од номинираните и избраните кандидати се очекува да потпишат декларација со која се обврзуваат дека ќе ја завршат програмата и ќе испорачаат најмалку три обуки засновани на курсот што треба да се развие како резултат на Програмата во период од две години. За  учество на оваа обука Академијата номинираше 1 судиja согласно нeговото професионално искуство, искуството во држење обуки, личната мотивација и посветеност на програмата.

Имено, Академијата и Кралството Холандија имаат повеќегодишна соработка која е интензивна и во рамки на чија соработка реализирани се многу значајни проектни активности. Во овој момент покрај соработката со Центарот за правосудни студии и обука на Кралството Холандија со кој веќе успешно ја спроведовме првата обука на обучувачи за Основите на правото на ЕУ, Академијата работи на остварување на активностите кои ќе произлезат од соработката со Хелсиншкиот комитет на Кралството Холандија и Free Press Unlimited во чиј фокус се слободата на изразување, медиумите и односите со јавност во правосудството.

Во рамки на соработката со Проектот за зајакнување на извршувањето во Западен Балкан, во текот на 2023 година предвидени се следните активности:

  • Поддршка за ревидирање на наставните програми на Академијата и вградување на Хашките конвенции и прекуграничното извршување на странски судски пресуди
  • Развој на тренинг модули и спроведување на 3 обуки за Хашките конвенции и прекуграничното извршување на странски судски пресуди. Експертот кој е предвидено да ги спроведе овие обуки е проф. д-р Илија Руменов како продолжение на обуките за Хашките конвенции кои се во тек и се реализираат во период септември-октомври 2022 година во рамки на Проектот Нордиска поддршка за напредок на РСМ имплементиран од канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС)