Онлајн советување на тема „Притвор како мерка за обезбедување присуство низ призмата на ЕКЧП и праксата на ЕСЧП“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Притвор како мерка за обезбедување присуство низ призмата на ЕКЧП и праксата на ЕСЧП “ ќе се одржи онлајн на 5 октомври (среда) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични  оддели и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Ненад Савески, судија на Основен кривичен суд Скопје и м-р Александар Тумановски, адвокат.

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.